Денеска ќе дознаеме кој е најдобар во забивање на Фицбол 2019

Сите љубители на кошарката денес со почеток од 15 и 45 часот ќе можат да го проследат натпреварот во шут за 3 поени. Веднаш по завршувањето на ова натпреварување ќе можете да уживате во атрактивните забивања со почеток од 16 и 15. 

Двете натпреварувања ќе бидат во малата сала Борис Трајковски. По заврувањето на истите до 16 и 45 започнува натпреварот за 3то место, помеѓу екипите на Аудентес и Будучност Бјелина. Додека пак во 18 и 30 е финалниот натпревар Барселона против Задар.

Натпреварот за пето место е меѓу Водно Санс и Партизан од 12 часот, а за седмо место од 10 и 30 помеѓу екипите Пантер и Балкан.